Комерцијална банка: Банките немаат информации за содржината во сефовите

Од:

Комерцијална банка АД Скопје  во врска со случајот во Битола што го пријави ресенчанецот К.Ш. (51) дека од неговиот изнајмен сеф му недостигаат 129.400 швајцарски франци информира дека на 5-ти овој месец во банката е примена рекламација од клиент и оти таа се испитува од надлежните служби во Банката.

Во соопштението до медиумите појаснуваат дека согласно правилата за работа на банката, како и законските прописи, банката нема информација за содржината која корисниците ја чуваат во сефовите, ниту води евиденција за неа. Додаваат дека пристапувањето до содржината на сефовите е можна исклучиво од страна на корисникот на сефот или од него овластено лице.

Министерството за внатрешни работи вчера информира дека ресенчанецот К.Ш. (51) во полицијата пријавил дека од изнајмен сеф во Комерцијална банка во Битола му недостигаат 129.400 швајцарски франци.

К.Ш. последен пат сефот го отворил на 5 август годинава. При извршениот увид во сефот во присуство на оштетениот, службени лица од Комерцијална банка, биле пронајдени 70.600 франци и 250.000 денари за кој К.Ш. тврди дека не биле негови.

Со стореното дело непознатиот сторител се стекнал со противправна имотна корист во вредност од околу 7.246.400 денари.

Би можело да ве интересира

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

Орце Костов

Надминат е проблемот со картичките VISA и Mastercard, повторно можат да се користат банкоматите

Катерина Ѓуровски

Банкарска асоцијација: VISA и MasterCard се недостапни – Дефектот не е од македонска страна

Голем дефект – не работат картичките од сите банки во цела Македонија, но и во странство, вадење пари само на шалтер

Анита Петровска Рајковиќ

АНАЛИЗА : Банките ги заострија кредитните услови – фирмите и граѓаните „воздржани“ од нови задолжувања !