Комеморативна седница за починатиот градоначалник Стојаноски

Од:

Комеморативна седница ќе се одржи денеска во Охрид по повод ненадејната смрт на градоначалникот, проф.д-р Јован Стојаноски.

Комеморативната седница ќе се одржи во големата општинска зграда со почеток во десет часот.

Советот на општина Охрид вчера на вонредна седница свикана по повод ненадејната смрт на Стојаноски едногласно донесе одлука денеска да биде прогласен за ден на жалост на територијата на општината.

Согласно одлуката, за денеска се откажуават сите закажани манифестации од културно забавен карактер.

Погребот на посмртните останки на Стојаноски ќе се одржи во 14 часот на Градските гробишта во Охрид.

На комеморацијата и погребната церемонија е најавено присуство на видни личности од политиката и јавниот живот, а меѓу нив и премиерот Зоран Заев, кој, како што соопшти Владата, поради ненадејната смрт на Стојаноски го откажа присуството на настанот за отворање на делница од автопатот во Бугарија.

Градоначалникот на Охрид проф.д-р. Јован Стојаноски почина завчера изутрина, во возила на службата за итна медицинска помош, на пат кон Центарот за кадриоваскуларни болести.

Стојаноски беше професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а градоначалничката функција ја вршеше од 20 октомври минатата година, по победата во првиот круг од локалните избори.

Стојаноски, роден на 7 август 1970 година во Охрид, беше оженат и татко на две деца.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум