Комеморативна академија за одбележување на ослободувањето на Евреите од „Аушвиц“

Од:

Секретаријатот за европски прашања во соработка со Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје и граѓанска асоцијација Acta Non Verba од Скопје денеска ќе одржи комеморативна академија по повод 73-годишнината од ослободувањето на заробените од фашистичкиот логор „Аушвиц“.

Во рамките на настанот ќе се промовира тријазичната книга од еврејската авторка Мими Камхи Ергас-Фараџи, „Мојот живот под нацистичката окупација“, a специјален гостин на настанот ќе биде ќерка ѝ, Ита (Дрита) Бартув, која го преживеала холокаустот.

Настанот ќе се одржи во просториите на Секретаријатот за европски прашања со почеток во 14 часот, а свое обраќање, покрај вицепремиерот Бујар Османи и специјалната гостинка Ита Бартув, ќе имаат и амбасадорот на Израел, Дан Оријан, амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих, и Скендер Асани, директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Сиљановска Давкова повикува на традиционални посети на Треблинка во чест на македонските Евреи

Во Скопје се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Еврејската заедница ќе го одбележи Јом Хашоа – Националниот комеморативен ден на Израел

Ана Ололовска

Десница: Длабока почит кон македонските Евреи

Ана Ололовска