Комби превоз за патниците кои ќе бидат далеку паркирани од влезот на Попова Шапка

Од:

Ски центарот Попова Шапка викендов ќе почне со комби превоз од местото „Сидол Камен“ до Ски – центарот и назад со намера да се намали метежот по пат до скијалиштата поради големиот број возила. Вообичаено за викендите поради многу посетители колоната со паркирани возила е долга повеќе километри од излезот на Попова Шапка кон месноста Сидол.

-Новите комбиња за ски-центарот „Попова Шапка“ стигнаа денеска, а ќе се ставаат на располагање на посетителите со цел намалување на метежот предизвикани од големиот број возила. Од сабота ги ставаме на располагање новонабавените комбиња и обезбедуване шатл превоз од местото наречено „Сидол Камен“ до Ски – центарот и назад, информираат од Ски центарот.

Превозот ќе се организира секој викенд, од 9:00 до 14:00 часот. Претходно од таму информира дека уредени се и два дополнителни паркинзи околу хотелите Славија и Скардус.

Би можело да ве интересира

Ледено утро во Берово, снежна идила на Попова Шапка

Дански скијач извлечен од лавина на Попова Шапка

Катерина Ѓуровски

Најстудено на Попова Шапка, но и во Битола и Крива Паланка

Горан Наумовски

Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег

Попова Шапка со најмногу снег и најниски температури во земјава

Обилни врнежи во Маврови Анови, снежна покривка од 43 сантиметри на Попова Шапка

Горан Наумовски