Командирката која славеше со торта и музика за новата функција е незаконски унапредена, тврди Синдикатот на полицијата

Од:

Еден од трите синдикати на полицијата, Синдикат на македонска полиција во соопштение до јавноста го праша министерот Оливер Спасовски зошто се унапредуваат подобни кадри во МВР без да ги исполнат условите кои ги налагаат Законите и систематизацијата.

Се работи случајот со унапредувањето на внуката на актуелниот градоначалник на Општина Чучер Сандево во командир на ПО Мирковци која е актуелна со видеото на социјалните мрежи на кои ја пее „Не ни може никој ништо, посилни сме од судбината“ пред специјално изработена торта за унапредувањето додека и дава пари на музиката.

„Имено лице од тесна фамилијирана спрега – “внуката” М.К на актуелниот градоначалник на Општина Чучер Сандево, која и од пред некој ден е унапредена со решение на Министерот, во Командир на ПО Мирковци при СВР Скопје, и тоа во спротивност на законските прописи, без соодветно високо образование и работно искуство од само 5 години рабтен стаж.

Исто така за новопоставената командирка се пријавени притисоци кои се вршат од нејзина страна кон полициските службеници за изнуда на парична средства а за кое и за одреден баран износ од 250 евра, и се доставени соодветни докази од (скрин шот фоотографии) од испраќање на пораки преку социјални мрежи, со прикажано одредување и предупредувања од претпставената кон секој полицаец каде и колку треба да остави парични средства во папка за Командирката.
Ваквите кадри се срам и понижување за сите вработени во МВР“, порачаа од Синдикатот на македонската полиција.

„Сакаме воедно и јавно да му укажеме на Министерот за внатрешни работи на недоследностите,незаконските и непрофесионалните унапредување, со кои се продолжува праксата за партизирање раководни кадри а кои наместо истите да запрат создаваат уште поголемо незадоволство кај полициските службеници како вработени во МВР“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Уапсени се шест возачи за безобѕирно возење, дел од нив беа пијани или возеа во спротивна насока

Горан Наумовски

Уапсен е Марко Кричак, еден од најмоќните луѓе во српската полиција

Терористички напад во Белград во близина на израелската амбасада: Дачиќ прогласи ЦРВЕН степен на опасност од тероризам

Франција на улиците испраќа воена единица формирана по терористичките напади во 2015 година

Бесот поради скапите станови ескалира во Португалија: Судири со полицијата, приведени десетици демонстранти

Предраг Петровиќ

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он