Командир на полиција или револуционер?

Од:

Командирот на полициска станица во Крушево, Благојче Димшоски се колне пред олтарот на историското ВМРО, пиштолот и камата. Овој командир тоа го прави со полициска униформа, со што испраќа одредена порака до јавноста за министерството каде што е вработен и кое го претставува.

-Се колнам во Бога, во верата и во својата татковина Македонија и Одринско, дека безусловно ќе се покорувам на старешините и без приговор ќе ги извршува неговите заповеди, дека никому нема да му ги издадам ни со збор, ни со дело работите на Организацијата и сето она што од денес натаму ќе го чујам, видам и разберам по делото. Во противен случај нека бидам убиен од еден од другарите со револверот или камата што овде ги целивам, била заклетвата на припадниците на историското ВМРО.

Со последната криза во земјава, дел од самонаречените “патриоти“ повикуваа на камата и пиштолот за да се решат “сите оние што соработувале“ со странските служби.

-Со непријателот, оној домашниот, со оној што работи за странски интереси, со оној што сака странска интервенција, за нив е само еден правецот-на ножот и камата, на заклетвата на исконското ВМРО, се повикуваше по социјалните мрежи како одговор за решавање на политичката криза.

Дел од јавноста во изминатиот период обвинува дека МВР со своите потези веќе го има стекнато епитетот на партиска полиција, која исклучиво ги штити интересите на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка