Командантот на НГ на Вермонт Стивен Креј на средби со Иванов и Џафери

Од:

Генерал-мајорот Стивен Креј, командант на Националната гарда на сојузната американска држава Вермонт, денеска ќе биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Стивен Креј, кој до 17 септември во Македонија ја предводи воената делегација на Националната гарда на Вермонт, денеска ќе има средба и со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, како и со членовите од собраниската Комисија за одбрана и безбедност.

Делегацијата предводена од Креј вчера имаше средба со началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната