Коловозите со остатоци од снег, забрани за камиони на дел од патиштата

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од кашест снег, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Забрани за тешки товарни возила изутрина од 07:15 часот е воведена на патот Дебар – Струга, а се уште трааат забраните и на патиштата крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку Стража, Струга – граничен премин Ќафасан, и на планинските премини Буково, Ѓавато и Пресека.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Би можело да ве интересира

Спасен Германец кој залутал на Скопска Црна Гора

Катерина Ѓуровски

Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва

А1он

Нормализиран сообраќајот на патот Гевгелија-Богданци

Поради излизгана машина за чистење снег во прекин сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци

Катерина Ѓуровски

Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег

Забарана за тешки товарни возила на два патни правци