Колони возила во знак на отпор против власта

Од:

Караван на отпорот кој го организира Сојузот на иднината во пет за дванаесет ќе тргне од три локации и ќе се соедини пред владата. Собирно место на првиот караван е кај салата МЗТ во Аеродром. Граѓаните ќе продолжат по булеварот АВНОЈ кон Ново Лисиче. На крстосницата со билеварот Србија ќе завртат десно и ќе продолжат по истиот булевар се до крстосницата кај Цементарница, по што ќе завртат лево. Се продолжува право по булеварите Првомајска, Сава Ковачевиќ, Иван Козаров и 11 Октомври се до Собранието каде кај Т.Ц. Палома Бјанка караванот ќе продолжи десно. Пред мостот Гоце Делчев автомобилите ќе завртат лево по Илинденска до целта – зградата на владата.

Вториот караван е кај паркот во населбата Автокоманда на булеварот Александар Македонски. Караванот ќе продолжи по овој булевар каде на првата крстосница врти десно по улицата 16 Македонска бригада. Потоа се продолжува по улицата Коце Металец во Железара и Ферид Бајрам во Чаир. На крстосницата пред Општината Чаир, врти лево по булеварот Христијан Тодоровски Карпош и продолжува право по Цветан Димов и Крсте Петков Мисирков. Кај „Мавровка“ се врти десно и преку булеварите Гоце Делчев и Илинденска пристигнува пред владата.

Собирното место на третиот караван е кај Баумаркет (Жито Велес) во населбата Ѓорче Петров. Караванот се движи по булеварот Ѓорче Петров кон Влае каде врти десно по булеварот Партизански одреди. Потоа продолжува право, преку мостот Обединети нации и низ Карпош се движи по целата должина на булеварот се до Соборниот Храм каде врти лево. Преку булеварот Климент Охридски и Илинденска се пристигнува до владата.

Би можело да ве интересира

Протест „Ниту една повеќе“: Политичари, судии, полицајци, насилници, парољупци – додека не ја добиеме правдата, мир за вас ќе нема!

А1он

Протест „Ниту една повеќе“ во Скопје: Македонија одамна не е добар родител на своите деца!

А1он

Протест во  Крива Паланка, Митовски порача: Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот

„Ниту една повеќе“: Граѓаните бараат крај на насилството врз жените

Горан Наумовски

„Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“: Протест во Скопје против фемицидите, побарана одговорност за смртта на Билјана

Протест против фемицид и институционално насилство во Скопје – „Жените продолжуваат да бидат убивани“

А1он