Колони автомобили низ Скопје како отпор против власта

Од:

Од денеска со колони автомобили низ Скопје, граѓаните предводени од опозицијата ќе го изразат отпорот и револтот против, како што велат, ненародниот режим и диктатурата на власта.

Колоната автомобили предводени од лидерите на опозицијата во 12 часот ќе појде од пред салата „Јане Сандански“ и ќе се движи кон Ново Лисиче, од таму ќе се приклучи на булеварот „Јане Сандански“ и ќе продолжи во насока на Народна банка на Македонија.

Караванот продолжува покрај „Црвен крст“ и врти во правец на Собранието на Република Македонија. Од таму покрај гимназијата „Јосип Броз Тито“ кон „Теодосије Гологанов“, колоната ќе продолжи се до „Порта Влае“. Колоната продолжува по „Партизански одреди “ до Соборниот храм и се вози до Владата.

Од „Сојузот за иднината“ велат дека ова ќе се случува и во наредните седум дена. Нагласуваат дека враќање нема, и дека отпорот ќе трае се додека не се врати легитимитетот на институциите, кој беше погазен на 24. декември. А излез од кризата, велат, е можен само преку предвремени парламентарни избори, на кои граѓаните ќе одлучуваат во каква Македонија сакаат да живеат, во диктатура или слобода.

Би можело да ве интересира

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија