Колевски: В понеделник прекинува мандатот и на другите обвинители во СЈО

Од:

Советот на јавни обвинители в понеделник ќе ја продолжи седницата на која ќе се расправа за регулирање на статусот на другите јавни обвинители во Специјалното јавно обвинителство кога ќе биде констатиран престанок на нивниот мандат и ќе биде донесена одлука дали да се вратат во нивните матични јавни обвинителства.

Ова вечерва го соопшти претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски.

– Ќе мораме да ги примениме одредбите од Законот за специјално јавно обвинителство за престанок на нивната функција, затоа што таму е предвидено дека нивниот мандат не може да го надмине мандатот на специјалниот јавнен обвинител. Тоа в понеделник ќе го констатираме само со одлука. Став на Советот е дека не постојат услови за поставување на вршител на должност во Специјалното јавно обвинителство имајќи го во предвид самиот Закон за СЈО каде е наведено дека предлогот за именување на специјален јавен обвинител го дава Собранието. Очекуваме предлог од Собранието и ако биде доставен ќе постапиме по предлогот, бидејќи законот се уште е во важност, рече Колевски по завршувањето на седницата на Советот на јавни обвинители.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Владата го утврди Предлог – Законот за Советот на јавните обвинители

Застој во постапката: Советот не добил ниту една пријава за Државен јавен обвинител

Одложена седницата за избор на в.д. државен јавен обвинител

Советот на јавни обвинители треба да назначи вршител на должност на местото на Коцевски