Докторката Мојсовска ќе ја задржи лиценцата за работа

Од:

Судот на честа донесе одлука и оцени дека  нема основа за поведување на постапка за времено или трајно одземање на лиценцата за работа на докторката Ксенија Мојсовска од Поликлиниката Ѓорче Петров-Скопје,

Потретседателот на Лекарската комора Ленче Нелоска денеска изјави дека нема повреда на одредбите од Кодексот на медицинската деонтологија.

Колегите на обвинетата  лекарка Ксенија Мојсовска претходно побараа да се ревидира и поништи одлуката за нејзиното суспендирање.

Мојсовска беше обвинета дека не излегла да му пружи помош на пациентот кој почина пред болницата во Ѓорче Петров.

„Кај нас не постои никакво сомнение дека кај Мојсовска не постоела желба да му помогне на пациентот за чија што смрт се товари. Исто така, убедени сме дека никакви правни ограничувања не би ја спречиле Мојсовска да му укаже соодветен медицински третман на сега починатиот пациент. Бараме под итно да се ревидира одлуката за суспензија на лекарката Ксенија Мојсовска запазувајќи ги сите правни процедури и истата да биде поништена. Сметаме дека одлуката за суспензија од работното е избрзана, со нецелосен увид во настанот и без професионална издржаност од медицинска гледна точка.Не сакаме да веруваме дека одлуката за суспензија на Мојсовска е тенденциозна со намера да се задоволува малограѓанската глад за сензационализам во кој главната улога на негативци секогаш треба да ја имаат докторите“, велат колегите во подршка на Мојсовска.

„Не сакаме да веруваме дека брзината со која се свика комисијата која го разгледуваше случајот и одлуката која ја донесе е показател дека пресудата била донесена и пред да се започне постапката“, стои во дописот на вработените во Здравствениот дом-Скопје.

Докторите  ја осудуваат атмосферата на линч и осуда на лекарката, ваквиот третман, велат лекарите, на нашата колешка Ксенија Мојсовска, како и на целокупната професија за нас како нејзини колеги и професионалци е целосно неприфатлив.

 

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти