Колариќ: Шилегов ќе вработува 1.000 луѓе за плата од 4.000 денари

Од:

На дневен ред на денешната седница на советот на град Скопје е ангажирање на 1.000 работници за плата од 6.139 денари од кои 2.000 денари ќе треба да се потрошат за автобуска карта и јадење. Нејасно е дали станува збор за фиктивни вработувања или, пак, за злоупотреба и ветени партиски вработувања, изјави Светлана Колариќ, советник во советот на Град Скопје, од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

„Спротивно на деловникот се става точка на дневен ред без никакво соодветно образложение за времено месечно ангажирање на 1.000 работници во Јавни комунални претпријатија, претпоставуваме дека се мисли на ЈП ‘Комунална Хигиена’. Притоа 8 милиони денари се префрлаат од ставката за градска администрација-други оперативни расходи, на буџетот на јавни комунални претпријатија, притоа ставката од која се земаат парите и ставката на која се префрлаат парите не постојат во буџетот на град Скопје за 2017 година. Тоа укажува дека се ангажираат работници за кои нема доволно средства и притоа одлуката е набрзина составена со суштински пропусти, а тоа значи дека правно е неиздржана“, вели Колариќ.

Она што е поважно, додаде таа, самото ангажирање на нови 1.000 времени работници отвора дилема дали тоа претставува начин за задоволување на партиските апетити со цел партиски да се ангажираат луѓе на кои СДС по изборите им се оддолжува.

„Висината на предвидениот хонорар ќе изнесува 6.139 денари, од овие пари 2.000 денари ќе треба да потрошат за автобуска карта и за јадење, тоа значи ќе добијат по 4.000 денари месечно, што секако е далеку од минимумот на 200 евра минимална плата, односно 500 евра просечна плата за кој СДС толку многу се залагаше и го ветуваше пред изборите. Со кратки зборови, лажеа дека ќе има 500 евра просечна плата, а сега ангажираат 1.000 работници за реални и ниски четири илјади денари, што значи дека се работи или за фиктивни вработувања или за класина злоупотреба на работничкиот труд“, рече Колариќ.

Според неа и предвидениот рок на времено ангажирање на овие луѓе е многу краток и е само еден месец.

„Дали целта е да се купи мир за краток период преку ваквите вработувања на партиска основа и со оглед на тоа дека се работи за зимски период имаме отворен сомнеж дека јавното претпријатие комунална хигиена нема доволно опрема вклучувајќи топла облека за луѓето и ресурси за дневна работа“, рече таа.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата