Колабираше пожарникар во Струмица

Од:

Еден пожарникар, кој учествува во гаснењето на пожарот во Струмица, колабирал, и е приклучен на инфузија во струмичката болница.

5-ти ден трае борбата со огнената стихија.

„Двата пожара сега тлеат, има чад и понекаде пламен“, вели за А1, градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.
100-луѓе на две локации се обидуваат да ги лоцираат пожарите и ги оградуваат за да не се прошират.

Ќе се гасне до 20 часот, а потоа поради непристапниот и непрегледен терен , ќе остане дежурна екипа, комплетно опремена со фенери, воки-токи, која нема да дозволи проширување и веднаш ќе алармира за состојбата.

Заев, кој цело време со пожарникарите и вработените од шумското стопанство работат на гаснење на пожарите, вели дека од огнената стихија загинаа двајца, 12 се повредени и е уништена 200 хектари борова шума.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени