Која е специјалната обвинителка Катица Јанева?

Од:

Најпребарувано име на Google денеска е Катица Јанева, личноста, која со договорот на четирите политички партии, ќе биде специјалниот обвинител, и која ќе треба да се справи со случаите „Пуч” и „Прислушување“. Податоци на пребарувачот нема.

За јавноста не е позната, но не и за фелата.

Таа во моментов ја врши функцијата-јавен обвинител на Основното јавно обвинителство-Гевгелија, и е на листата предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Јанева има 50 години и има завршено високата обука за борба против мафијата, корупцијата и организираниот криминал во Италија.

За заменик на јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство во Гевгелија е именувана е на Седумнаесеттата седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 10 април 2003 година.

Еве го стенограмот од седницата:

Отворам претрес по предлогот Катица Јанева да биде именувана за заменик на јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство во Гевгелија. Молам кој бара збор? (Никој). I/65.- Бидејќи никој не бара збор, го заклучувам претресот. Предлогот Катица Јанева да биде именувана за заменик на јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство во Гевгелија го ставам на гласање. Ве молам да гласаме. Од присутни 61 пратеник, за предлогот гласаа 61 пратеници, сите за. Констатирам дека Катица Јанева е именувана за заменик на јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство во Гевгелија.

Во јавноста излезе нејзиниот имотен лист. Еве што како имот поседува според анкетниот лист, доставен до Антикорупциска комисија:

10625098_10206675316795714_747214660943753226_n

Во деталниот преглед на нејзиниот имотен лист е наведено дека поседува моторно возило Рено 5 Кампус, трансакциона сметка во Тутунска банка и денарска штедна книшка во Стопанска Банка.

На име на нејзиниот сопруг се водат плац во село Конско во вредност од 1000 евра, земјоделско земјиште од 1930 м2 во вредност од 20 000 евра и моторно возило Ровер 45 во вредност од 20 000 евра.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај