Која е фирмата која побара авторски права на „бомбите“ и видеата на кои се гледа Груевски?

Од:

Извесната фирма „ОМД Нетворкс“ на чие барање се отстранети 17 „бомби“ од Јутјуб каналот на СДСМ побарала авторски права и на монтираното видео на „Странски служби“, каде се гледа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во градскиот парк.

Фирмата „ОМД Нетврокс“ нема седиште во Македонија, единствено делува во неколку држави во Европа. Најблиску до Македонија, ОМД има седиште во Хрватска, а освен во Европа, фирмата делува во Азија, Африка и Америка.

ОМД на официјалната страна се „фали“ дека 10 години по ред добива награда за „Глобална медиумска агенција“ и наведува дека е интегрирана комуникациска агенција која нуди глобални решенија за медиуми и маректинг.

А1он се обиде да стапи во контакт фирмата со цел да праша какви авторски права имаат врз прислушуваните разговори кои ги објавуваше Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како и неколку видеа на кои се гледа Никола Груевски, но досега не добивме никаков одговор.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски