Која делегација на Општина Охрид го посети Цер?

Од:

На општинската интернет страна, во известувањето од обележувањето на 109 години од смртта на Христо Узунов денеска, пишува дека делегација на Општина Охрид положила цвеќе, додека на фотографиите главни „ѕвезди“ се кандидатите за пратеници на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид за претстојните парламентарни избори.

Не видовме ниту еден член од Општина Охрид.

Ниту еден претставник не е присутен на фотографиите кои Одделението за односи со јавност ги прикажала на страната на Локалната самоуправа.

Дали со ова, Општина Охрид го злоупотребува информирањето кон граѓаните за случувањата и активностите на институцијата?! Дали кандидатите за пратеници се дел од Локалната самоуправа?!

Дали Локалната самоуправа треба да биде еднаква за сите граѓани или подобна само за членовите и симпатизерите на ВМРО – ДПМНЕ?! Сака ли Одделението за односи со јавност свесно да промовира кандидати за пратеници од одредена политичка партија?!

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум