Кои се најбогатите луѓе во Прилеп?

Од:

Невладината организација„ Апел“ ,во Прилеп , според податоците од катастарот, Министерството за финансии и Централниот регистер во Прилеп, објави информација дека од 50-те  најбогати ќители на градот,   3-ца се членови на СДСМ, а 35 се членови на ВМРО-ДПМНЕ или  нивните коалициски  партнери.

„Од 35 членови и подржувачи на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп,  25 имотот го стекнале за време на транзицијата а дел новите  богаташи се од периодот од 1998-2002 и 2006 -2012“, обајави ОхридСкај.

На списокот, пишуваат,  има членови на фамилии на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ во извршната власт, еден дел се функционери за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 1998-2002, на листата има фудбалери, сопственици на агенции за консалтинг и вработување, инспектори во Министерството за финансии  со имот поголем од 5 милони евра како и роднини и родители на досегашни локални функционери на ВМРО ДПМНЕ, кои имотот многукратно го зголемиле од 2006 па до денес.

„Сите 50 мина се новопечени милонери освен еден кој работел како касап пред транзицискиот  период , и по имот е на 30-то  место на листата. Тројцата најбогати од СДСМ се занимаваат со печатарскаработа, трговија на големо  и производство. Вкупниот капитал на членовите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните симпатизери е поголем од 100.000.000 евра, а на членовите и симпатизерите на СДСМ е десет пати помал“, објави Охрид Скај.

 

Би можело да ве интересира

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Истрага за 50-годишен прилепчанец за обид за убиство на социјален работник

А1он

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните

Дисциплинска казна за здравствените работници кои учествувале во лекувањето починатите новороденчиња

Горан Наумовски