Кој сака да „ќари“ од болеста на малата Ева?

Од:

„Полицијата го истражува случајот за можен фалсификат на медицинската документација за лекување на четиримесечната Ева Илиевска од Куманово, со која, преку Фејсбук, се собираа пари за нејзиното лекување. Од Министерството за внатрешни работи кусо изјавија дека случајот е пријавен кај нив и оти се постапува по него“, објави „Вест“, текст под наслов „ Д-р Софијанова: Шлаканица за сите што ја спасуваа Ева“.

За весникот, проф. д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести во Скопје, објаснува дека МВР ги истражува апелите за помош, и е децидна дека е неточно дека на Ева и е потребна итна операција и оти има уште 10 дена живот.

Таа објаснува дека Ева е родена со мана на аортата, и дека ќе треба да биде подложена на уште две интервенции, но дури по една година.

“Не знам кој ја злоупотребува состојбата на Ева, но ова е шлаканица за сите нас што правиме максимални напори за да помогнеме, а и натаму ќе овозможиме најдобра медицинска нега”, вели проф.д-р Софијанова за „Вест“.

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска