Кој остана во „Храмот на Демократијата“?

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сами во собраниската сала ќе останат и ќе ги играат улогите на власт и опозиција. Ќе носат закони, ќе вршат избори и именувања. За нив ова не е никаков проблем бидејќи мнозинство имаат, а најверојатно и мнозинство според Бадентер.

ДПА по вчерашната најава дека ќе го бојкотираат Собранието, денеска тоа и го реализираа недоаѓајќи на координација кај спикерот Вељаноски.

Се координираа Илија Димовски и Талат Џафери заедно со Вељаноски.

Вчера целата и домашна и меѓународна јавност на дело виде што се случува во „Храмот на демократијата“, како што Трајко Вељаноски го нарече почнувајќи го претседателскиот мандат.

„Летаа“ тупаници и боксови, падна и крв, а имаше и повредени. Изби нетрпеливоста меѓу ДУИ и ДПА.

Сега и без опозициската ДПА се доведува во прашање парламентарниот живот и се поставува прашањето дали Македонија длабоко загази во политичка криза.

Трите пратенички, Роза Топузова Каревска, Солза Грчева и Љубица Буралиева, како и Мирсада Емини Асани, која како и колешките не ги почитуваше партиските одлуки, не можат да бидат коректор на власта, а и со досегашниот тек не се виде ништо од нивната најавена борбеност во одбрана на правата на граѓаните.

Ништо и од најавата на ГРОМ дека ќе биде силна опозиција со еден пратеник, бидејќи со раширени раце ја прифатија поканата да бидат дел од владата на Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и покрај се го тераат проектот за уставни измени. За 82 гласови колку што им се потребни, за да се изгласаат измените во највисокиот законодавен акт им треба да пронајдат уште еден глас од оние кои себе си се нарекуваат дека се опозициски пратеници.

ВМРО-ДПМНЕ на изборите доби 61 пратеник, ДУИ 19 и со едниот пратеник на ГРОМ, владејачката коалиција има 81 пратеник.

 

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на Дабовиќ-Анастасовска, опозицијата бара Анкетна комисија за трагедиите

Горан Наумовски

Попов: Младинската невработеност, е една од главните причини поради кои младите ја напуштаат државата и подоцна формираат семејства

Горан Наумовски

Власта е спремна да го прифати барањето за седница на Постојаната анкетна комисија

Пратенички прашања во законодавниот дом

(ВИДЕО) Пратениците од опозицијата ја пробија оградата пред Парламентот на Србија

Горан Наумовски

Петти ден амандманска расправа по Предлог буџетот за 2026 година