Кој ќе биде избран во првиот круг, а кој оди во втор

Од:

Во земјава утре се одржуваат Локалните избори 2021 на кои за градоначалничката функција ќе се натпреваруваат 299 кандидати, а ДИК потврди и 576 листи за советници. Свои кандидати имаат коалиции, политички партии, а овој пат има и бројни независни кандидатури. Градоначалници и советници ќе се избираат во сите 80 општини и градот Скопје.

Во првиот круг од гласањето за градоначалник е избран оној кандидат кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина. Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, односно градот Скопје, не излезат една третина од вкупниот број избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина.

Во најголем дел општини има по повеќе или неколку кандидати за градоначалници и листи за советници. Во дваесетина општини би можело да се очекува гласањето да заврши во првиот круг од изборите бидејќи таму се кандидирани само по двајца кандидати за градоначалници.

Ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник на општина не го добил потребното мнозинство гласови во согласност со член 132 став 1 од Изборниот законик, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од денот на завршувањето на првиот круг на гласањето. Во вториот круг на гласање за градоначалник е избран кандидатот кој добил поголем број гласови.

Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.

Советници се избираат во првиот круг од изборите и притоа се употребува пропорционалниот модел, при што распределбата на мандатите се врши по Донтовата формула. Според формулата, вкупниот број гласови добиен за предложените кандидатски листи се дели со низот на делители 1,2,3… сè до бројот на членовите на советот кои се избираат во конкретната општина. Вака добиените количници се редат по големина, при што се земаат предвид оние најголеми количници колку што се избираат членови во советот. Една листа на кандидати добива онолку членови во советот колку што има најголеми количници од оние кои се земени предвид.

Кампањата за вториот круг од изборите почнува веднаш по неделните избори, в понеделник, 18 октомври, и завршува на 29 октомври. Гласањето треба да се одржи на 31 октомври.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска