Општина Центар: Кој и зошто ја „закочи“ исплатата на парите за ИО за Референдумот за ГТЦ?

Од:

„Општина Центар, на 22.05.2015 префрли 1.577.950,00 денари на сметка на Општинската изборна комисија (ОИК) – Центар, за спроведување на референдумот на локално ниво.

Експресно, по завршувањето на референдумот, беа префрлени толку пари, колку што бараше комисијата, иако средствата беа енормно повисоки за членовите на ОИК во споредба со претходните изборни циклуси.  Така на пример, на последните избори во 2014 година,  претседателот на ОИК-Центар Коста Митровски,  добил надоместок во висина од 50.000 денари, неговиот заменик 45.000 денари, членовите по 40.000 денари, замениците по 8.500, секретарот 45.000 денари, а заменик секретарот 25.500 денари.

На 27-ми мај, претседателот и членовите на ОИК си ги подигнале средствата за себе. 65.000 денари земал претседателот Коста Митровски, 35.000 повлекол неговиот заменик, 60.000 секретарот, а 35.000 заменик секретарот. По 60.000 земале членовите на ОИК, а по 30.000, нивните заменици.е избори.

Средствата  за членовите на Избирачките одбори останале исти како и за претходните избори, и тоа 3.000 денари – претседателите, 2.500 – замениците, 2.000 – членовите на избирачките одбори и 1.700 – нивните заменици. Но и овие средства за завршената работа, се уште не ги добиле“, велат од Општина Центар.

„Ако за членовите на ОИК исплатата минала брзо и без проблеми, кога требало да се исплатат Избирачките одбори, од Трезорот  било констатирано дека печатот на ОИК бил сменет пред една години и дека поради тоа не може да се исплатат средствата за 78-те одбори. Членовите на одборите, реагираат и прашуваат кој и зошто одлучил, да се награди Општинската изборна комисија, а била стопирана исплатата за 468 членови на одборите, и зошто Министерството за финансии постапило селективно..

Еден месец поминал  во ургенции од страна на општина Центар , претседателот Митровски да депонира ново потписно картонче .

Митровски, кој својот надомест си ги подигнал, потпишал ново картонче неодамна и сега картончето е во трезор и се чека потврда.

Општина Центар навреме ги заврши своите обврски за да бидат исплатени сите учесници во спроведувањето на референдумот на локално ниво, но членовите на избирачките одбори сеуште ги чекаат своите пари“, се вели во соопштението на Општина Центар.

slika 3 slika 2 slika 1

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Поддржуваме над 50 граѓански организации, и во следниот мандат граѓанскиот сектор ќе биде активно вклучен во работата

Новотни: Во Центар транспарентни одлуки со јавна трага и урбан развој што го става човекот пред привилегиите

Герасимовски: За 50 отсто го зголемуваме надоместокот за новороденче

Герасимовски: Исчистена депонијата под Кале, не дозволуваме центарци да се гушат во смет

Герасимовски: На 19 октомври да гласаме „За Центар што го сакаме“, единствениот и победнички концепт за развој на Центар

Герасимовски најави нова градинка, двосменско работење на градинките, бесплатни оброци за ученици и два нови покриени базени