Кој гласал „за“, а кој „против“ амнестијата?

Од:

Од листингот на гласањето на пратениците за амнестија на хашките случаи може да се забележи дека Гордана Јанкулоска не гласала, додека Зоран Ставрески не бил присутен на седницата.

Во салата, според листингот, како што беше кажано и во разговорот за кој Зоран Заев рече дека е помеѓу Јанкулоска и Ставрески, не бил присутен Владимир Пешевски.

-За да ја зацврсти владината коалиција, ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ, премиерот Никола Груевски, се договарал „Хашките случаи“ да се решат собраниски со Законот за амнестија“, обвини лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев во новата политичка „бомба“.

Заев кажа дека избран премиер нема да се крие зад своите пратеници, туку тој носи одлуки и стои зад нив. Тој објави и разговори за кои кажа како Јанкулоска и Ставрески бараат начин да не гласаат за амнестијата.

19.07.2011 listing 1

19.07.2011 listing 2

19.07.2011 listing 3

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни