„Кој е следен?“: Не сме поврзани со ниту една политичка партија, јавно ги осудуваме сите обиди за партизација

Од:

Денес, на лажни профили и преку пропагандни медиуми, беа објавени видео-снимки со цел да ја поврзат нашата иницијатива „Кој е следен?“ со еден онлајн разговор помеѓу група студенти и девојка од Србија, соопштуваат од Иницијативата „Кој е следен?“

„Ве известуваме дека нашата иницијатива нема никаква поврзаност со тој повик, ниту сме биле вклучени во какви било разговори за формирање на нови студентски организации. Доволно е да се погледне самата снимка – името „Кој е следен?“ не се споменува ниту еднаш, а нашето лого е аматерски и намерно вметнато во аголот на видеото.

Нашата иницијатива е граѓанска и како таква нема намера да се вклучи во студентското организирање, ниту да го инструментализира. Студенти, веруваме во вашата способност да се оградите од партиски и надворешни влијанија.

Овие обиди за оцрнување се уште еден доказ дека политичката елита се плаши од автентичното граѓанско незадоволство. Наместо да одговорат на барањата за правда, одговорност и безбедност, тие се служат со провидни манипулации, лажни вести и медиумски спинови.

Притисоците од лажни профили, пропагандни медиуми, како и од полициски и параполициски структури, само дополнително ќе ја зајакнат нашата волја.

Ние не сме поврзани со ниту една политичка партија, и уште поважно – јавно ги осудуваме сите обиди за партизација на „Кој е следен?“. Нашиот револт не е алатка за политички поени, туку повик за достоинствен живот.

Оваа сурова пропаганда нема да не замолчи.Нема да дозволиме да се угуши секој млад, независен и слободен глас. Нема да дозволиме елитите да продолжат да не газат! Денес ние сме мета на манипулации и лажни вести. Кој е следен?, пишува во соопштението од Иницијативата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Димитриевски од Струмица: Помина времето кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти

Предраг Петровиќ

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

Мицкоски: Средствата позајмени од МНАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користат за отплата на кредит

Предраг Петровиќ