Кој е новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ?

Од:

Освежување и нов кадровски потенцијал, ова е образложението за измените во персоналниот состав на Извршниот комитет на владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително за нов генерален секретар е избран Емил Димитриев. Тој доаѓа на местото на Кирил Божиновски на кого му истекол двегодишниот мандат.

Кој е Емил Димитров и дали и тој ќе ја продолжи праксата на претходниците, да биде човек во сенка или без настап воо јавноста.

На претходникот, Мартин Протуѓер, не знаеме ни како му звучи гласот, не даде ни изјава ни интервју. Божиновски почна со интервју за дневен весник и него го снема.

Еве ја неговата биографија од официјалната страна на Министерството за одбрана.

Роден: 19.03.1979 г.

Пробиштип, Република Македонија

Националност: Македонец

e-mail: e.dimitriev @ yahoo.com

Образование :

2010 г. Постдипломски студии на Филозофскиот Факултет во Скопје на Институтот за Социологија

2004 г. Завршува школа за резервни офицери на Воената Академија во Скопје

2003 г. Дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје на Институтот за Социологија

Работно искуство :

2011 г. Избран за пратеник во Собранието на Р.Македонија (истата година повторно е предложен за заменик министер во Министерството за одбрана)

2008 г. Собранието на РМ го избра за заменик на министерот за одбрана

2006 г. Вработен во ХС Злетовица, раководител на општ сектор

2000-2004 г. Координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ во советот на Општина Пробиштип

2001 г. Вработен во ЕСМ општ сектор

– Подсекретар на Изборна единица бр.3 на ВМРО-ДПМНЕ

– Бил член и претседател на повеќе студентски и младински асоцијации

Посетувал семинари и обуки од областите :

– Социјално управување

– Човечки ресурси

– Односи со јавност

– Млади лидери и тн.

Останато образование:

Поседува компјутерски вештини и зборува англиски јазик

Брачна состојба:

Оженет и има син

И уште, хоби му е лов.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ