Кој е Диме Веловски, пратеникот на СДСМ кој не дојде на седница: Не гласал ниту за францускиот предлог

Од:

Двајца пратеници од владејачкото мнозинство не го стиснаа копчето за гласање за дневниот ред на седницата со единствена точка – расправа и гласање за потребата од отворање на Уставот за која се потребни 80 од вкупно 120 пратеници.

На едниот, Илија Николовски од Партијата на пензионерите му се заглавило копчето, а другиот, Диме Велковски од СДСМ воопшто не се појави на оваа важна седница за неговата партија.

– Илија Николовски претседател на партијата на пензионерите имаше проблем со притискање на копчето на системот за гласање, па дневниот ред беше изгласан со 70 гласови. Инаку тој постојано беше со коалицијата. Пратеникот Велковски не беше присутен, а неговото отсуство беше најавено, што не значи дека нема да биде присутен на наредните седници – рече премиерот Ковачевски на вчерашната прес-конференција запрашан зошто само 70 пратеници гласале за дневниот ред.

Сепак, премиерот не спомна дека Диме Велковски е и единствениот пратеник од владејачката СДСМ кој не гласаше за заклучоците од францускиот предлог во јули 2022 година. овој предлог Владата го прифати, согласувајќи се да направи уставни измени со кои ќе ги вметне Бугарите како народ во највисокиот државен акт.

„А1он“ неофицијално дознава дека Диме Велковски во редовите на СДСМ важи за еден од поголемите патриоти и не се согласува со ниту една одлука донесена во односите со Бугарија, посебно не со билатералниот протокол кој го потпиша Бујар Османи со Софија и стана дел од преговачката рамка со ЕУ.

Диме Велковски е роден е во 1973 година во Ваташа, Кавадарци а живее во Скопје. Велковски е постдипломец на агро-економика на Земјоделскиот факултет при УКИМ во Скопје. Својата политичка кариера ја започнал во Јавното претпријатие „Паркови и Зеленило“, каде во периодот од 2006 до 2009 бил и технички директор, а претходната година и генерален директор. Велковски извршувал неколку високи функции во СДСМ, меѓу кои и претседател на Централниот одбор на партијата.

А неговиот брат беше обвинет од опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека поради Велковски добил два проекти од Националната агенција за европски образовни програми: 125 000 евра за програмата „Избери сирење“ и 83.000 евра од програмат „Еразмус+“ за дресура на магариња.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Ахмети ја објави декларацијата потпишана со коалицијата „Вреди“за уставни измени

Предраг Петровиќ

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ