Кои се потенцијалните кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори?

Од:

Во ВМРО-ДПМНЕ до крајот на следната недела ќе се составуваат првичните листи за можните кандидати за локалните избори во март 2013.  година.

Како што дознаваме неофицијално, во ВМРО-ДПМНЕ веќе ги завршиле и најновите мерења на рејтингот по општините, но и делумно дел од анкетите за можни кандидати за изборите.

За разлика од опозициониот СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучи многу брзо за кандидатите во Скопје.

Сосема е сигурно дека Коце Трајановски ќе трча за втор мандат. За Општина Центар веќе станува сигурно дека Колеников ќе го добие кандидатското место по  изгубените тендери и  по заедничкиот дил на коалиционите партнери да одберат друг добавувач.

Петре Латиновски во Бутел ќе биде кандидат за уште еден мандат.

За општина Штип  неофицијално се дознава дека договорите со ректорот на Штипскиот Универзитет, Митрев веќе привршуваат.
За Струмица изненадувањето ќе биде еден бизнисмен кој е близок на Силвана Бонева.

Во Охрид за најсериозен кандидат се смета дека е Грозданоски. Марјан Ристески во Прилеп е веќе сигурен и ќе трча за трет мандат.
Во Гостивар,Тетово,Велес и Куманово кандидатите ќе бидат председателите на општинските комитети ,а додека во Битола , Гевгелија, Ново Село, Каменица, Пробиштип, Ресен, Виница, Делчево, Василево, Босилево кандидати ќе бидат кординаторите на општинските организации.

Демир Капија, Кичево, Струга, две скопски општини, дел од општините во Западна Македонија, Дојран, Кратово, Кривогаштани, Долнени, Чашка и Демир Хисар и Македонски Брод, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги понуди на коалиционите партнери.

Дознаваме дека партијата на Љиљана Поповска доставила барање да добие кандидати во 3 општини од кои: Чашка, Ресен и Демир Капија.

Велат во листите нема да има поголеми изненадувања освен во една општина во Скопје каде еден министер на ВМРО-ДПМНЕ покажал интерес да биде кандидат и во Битола каде министерот за информатичко општество  и администрација сеуште се двоумел дали да се кандидира.

Би можело да ве интересира

ВМРО–ДПМНЕ вечерва објави 16 кандидати за градоначалници

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Дали службите за безбедност под водство на кадри на СДС го следеле и прислушкувале Мицкоски со знаење на Коцевски?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче ги штити луѓето кои прислушкувале и обвинителите кои тоа го дозволиле

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Мицкоски: Индустриското производство во jули годинавa порасна за 4,1% споредено со истиот месец минатата година