Кои имиња се наоѓаат на кандидатските листи на СДСМ

Од:

Владејачката партија на Конгрес зад затворени врати ги утврди имињата за кои одлучи Централниот одбор на партијата.

Во тандем, во ИЕ 1, одат Никола Димитров и Мила Царовска. Во ИЕ 2, Оливер Спасовски во тандем со Сања Лукаревска. Во ИЕ 3, носител е Љупчо Николовски, а втора на листа е Јагода Шахпаска. Во 4 ИЕ, носител е Зоран Заев заедно со Соња Мираковска. Во ИЕ 5, Радмила Шеќеринска и Јован Митревски, и во ИЕ 6, одат Билал Касами со Фаница Николовска.

Дамјан Манчевски е трет на листата на СДСМ во ИЕ 1, а на листата меѓудругите се и Мери Георгиевска, Даниела Николова и Дарко Каевски.

Мухамед Зекири е трет на листата во ИЕ 2, а понатаму следуваат Славјанка Петровска, Санела Шкријељ. Во третата изборна единица на листата е Сашо Николов, Ненад Коциќ, Марија Ангелова, Зекир Рамчиловиќ, Емилија Рамбабова.

Во ИЕ 4, на листата меѓудругите се наоѓаат Миле Талески, Даниела Колева, Панчо Минов и Лолита Роистова. Во ИЕ 5 на листата се Бисера Костадинова, Лазе Танески, Един Јакуповиќ. Шестата изборна единица претежно е резервирана за претставници на коалиционите партнери.

Она што е забележливо е дека на кандидатските листи го нема министерот за здравство Венко Филипче, како и Фросина Ременски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО