А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Коѕијас утре во Скопје на разговори со македонскиот државен врв

by А1он30/08/2017 - 15:12118
Share0

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас утре пристигнува во еднодневна официјална посета на Македонија. Тој во Скопје ќе има средби со неговиот домаќин, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за веропски прашања Бујар Османи и со претставници на парламентарните партии.

Добивај вести на вибер

Посетата на Коѕијас е возвратна, по таа на Димитров на Атина во јуни годинава. Во фокусот на разговорите, според најавите, ќе биде имплементацијата и проширувањето на мерките за градење доверба и најновите случувања во регионот.

Министерот Димитров, денеска во одговор на новинарско прашање за очекувањата од посетата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, рече дека е важно да се воспостави отворена релација и Грција да го препознае новиот момент во Македонија и да го поддржи.

– Довербата е првиот чекор кон пријателство и тоа е многу важна работа. Целта е да се прошират мерките за градење доверба во повеќе области и да се направат пореални и да се имплементираат. Второ, повлековме една сериозна линија на корективни мерки согласно времената спогодба. Ова министерство и Влада ги земаат сериозно преземените обврски, го земаат сериозно Уставот на Македонија и ќе бидеме многу принципиелни и цврсти во контекст на излетот што ни се случи во Канада. Тоа само ќе ни ги зајакне позициите и во однос на средбата и генерално во однос на Грција, изјави Димитров.

Во пресрет на посетата на Коѕијас, вчера во Атина беше одржан состанок за мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција во согласност со договорот постигнат меѓу министрите за надворешни работи на двете земји во Скопје на 24 јуни 2015 година.

Состанокот, како што информира МНР, претставува продолжение на пријателскиот и конструктивен дијалог на заемно договорените теми, како што се проекти за меѓусебно поврзување во областите на транспортот и енергијата, потоа полициска соработка, европски програми, култура, образование, цивилна заштита, јавна администрација, здравствена заштита, соработка меѓу дипломатските академии и иницијативи за деловна соработка. Од МНР истакнуваат дека е одлучено следниот состанок да се одржи во Скопје.

Грција, како што повторуваат претставници на грчкото МНР, „останува посветена на подобрување на соработката меѓу двете земји, придонесувајќи за консолидација на култура на консензус и компромис со цел стабилност на внатрешно и на регионално ниво“.

Никос Коѕијас утре со своите домаќини во Скопје, според најавите од двете страни, нема да разговара за спорот за името.

Се очекува Димитров, како и при посетата на Атина во јуни, да побара поддршка за градење добрососедски односи и деблокирање на процесите за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ. Отворањето на тие патишта, според Димитров, може да придонесе да се затвори и главното прашање меѓу Скопје и Атина.

Од друга страна, медиумите во Атина, пишуваат дека грчката Влада ќе се обиде да ги спушти очекувањата од посетата на Коѕијас и да ја искористи за да покаже дека новата Влада на Заев нема волја за решавање на спорот, бидејќи е во првите 100 дена од формирањето и во октомври земјата ја очекуваат локални избори.

imetomnr

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ05/07/2025 - 16:4305/07/2025 - 17:16

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски04/07/2025 - 18:2704/07/2025 - 18:31

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Горан Наумовски25/06/2025 - 15:28

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ15/06/2025 - 15:2615/06/2025 - 15:31

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски13/06/2025 - 09:4513/06/2025 - 11:34

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски17/03/2025 - 16:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен