Коциќ: ДПМНЕ е против ЕУ, единствената идеологија им се блокадите

Од:

На собраниската седница вчера се докажа и дека единствената идеологија на ДПМНЕ и Левица се блокадите и одолговлекувањето. 80% од македонските граѓани кои се проевропски ориентирани ќе паметат и нема да им простат на оние кои без никаква причина го блокираат патот кон ЕУ вели пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ.

– Сите ние многу добро се сеќаваме како владата на Никола Груевски го блокираше патот кон ЕУ и НАТО и како Христијан Мицкоски се противеше, а неговите пратеници гласаа против членството во НАТО. На вчерашната седница видовме дека Мицковски е како и Никола Груевски. И тој сака да ја влече државата назад уште 11 години за ништо, само заради неговата фотелја во Белиот дворец. Но граѓаните треба да знаат дека, неодговорноста и немањето државнички капацитет на ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја одврати, ниту да ја обесхрабри проевропската коалиција предводена од СДСМ, рече денеска Коциќ на прес конференција.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО