Коцијанчиќ: ЕК очекува избор на нов спикер и влада без одложување

Од:

Европската комисија очекува сите политички лидери и институции во Република Македонија да дозволат демократскиот процес во земјата да се одвива, што според официјален Брисел вклучува и избор на нов спикер на парламентот и потоа и нова влада, без одложување.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ова денеска на прес-конференција во зградтаа „Берлемонт“ на Еврокомисијата го исткана портпаролката на неформалната Влада на Еворпската унија, Маја Коцијанчич.

– Ние сме гласни за тоа што очекуваме да се случи во земјата и во оваа фаза, ние го следиме развојот на настаните и постојано говориме во повеќе навратии дека мора да се почитуваат резултатите од последни парламентарни избори и сегашниот неизвесен застој и Влада мора да се воспостави без одложување, базирана на парламентарното мнозинство кое постои. Знаете дека двајцата, Високата претставничка и комесарот Хан го повикаа претседателот да ја преиспита неговата позиција. Ние сега очекуваме сите политички лидери и институции да дозволат демократскиот процес да се одвива, а ова го вклучува и изборот на нов спикер, што ние би сакале да го видиме без одложување, потенцираше Коцијанчич.

Очекувањата во Европската унија се дека и покрај сите неизвесности и можни негативни сценарија, неделава во Македонија да се избере нов претседател на Собранието, а потоа, во рок од две недели и да се случи избор на нова македонска влада.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 отсто, инфлација 2,5 отсто

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски