Коцијанчич: Потребен е политички консензус за широка коалиција

Од:

Портпаролакта на Европската комисија Маја Коцијанчич, денеска одговори на прозивката од страна на македонската политичка партија ВМРО-ДПМНЕ за нејзината претходна изјава „според кој член од Уставот на Република Македонија, Еврокомисијата очекува претседателот Ѓорге Иванов да определи лидер што ќе формира што е можно поширока влада“.

Коцијанчич во име на неформалната влада на Европската унија, денеска повтори дека официјален Брисел очекува широка владина коалиција за справување со сите предизвици, откривајќи дека меѓу нив е и „решавање на билатералните прашања“, што се разбира дека е спорот за името со Грција.

– Ние мислевме на потребата да се има широк политички консензус и широка коалиција, така што земјата ќе може да се справи ефикасно со многуте предизвици што претстојат. Спроведувањето на Итните реформски приоритети, договорот од Пржино и решавање на билатералните прашања во исто време ќе бара силна посветеност од сите политички партии. Затоа, ние ги поздравуваме тековните напори на претседателот Иванов да се ангажира со сите политички партии, посочи портпаролката на Европската комисија.

Коцијанчич посочи и што очекува ЕК во однос на формирање уставно мнозинство во македонскиот Парламент.

– Сите главни партии изјавија дека се за реформската агенда за ЕУ и се согласуваат дека патот кон Унијата е стратешка цел на земјата. Ако тие работат заедно кон оваа заедничка цел, тие ќе имаат де факто уставно мнозинство што е важно на патот на европската интеграција, заклучи Маја Коцијанчич во име на Европската комисија.

Би можело да ве интересира

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски