Кочоски вети подобра здравствена заштита и санација на патиштата што водат до Подгорци

Од:

Кандидатот за градоначалник на Општина Струга од коалицијата „Заедно за Струга“ Владо Кочоски, денеска беше го посети струшкото село Подгорци каде што ги сослуша барањата и потребите на жителите.

Тој најави повеќе проекти содржани во неговата програма кои, како што рече, ќе ги реализира доколку ја добие довербата на гласачите, в недела во вториот круг од локалните избори.

– Во мојата програма е влезено и селото Подгорци, во која инфраструктурните проекти се мој приоритет, бидејки е жално во ваква природа и вакво опкружување, екологијата да биде целосно занемарена, изјави Кочоски.

Меѓу покрупните проекти во ова населено место, рече, ќе биде и подобрувањето на здравствената заштита на населението.

– Ветуваме отворање аптека во рамки на проектот на Министерството за здравство и Владата за организирање здравствена заштита на населението од руралните средини, како и повеќекратно дејствување на мобилни екипи од Здравствениот дом од Струга, истакна Кочоски.

Според него, во изминатиот период воопшто не се водело сметка за инфраструктурните проблеми на жителите од Подгорци. Најави санација на главните патишта што водат до селото, реконструкција и санација на патот Подгорци-Лабуништа и Подгорци-Вевчани, изградба на спортска сала, промена на маркицата за давање дозвола за изградба на џамијата на ридот, како и други верски објекти.
Во Подгорци ќе се подигнува и нивото на меѓуетничкиот соживот со низа нови активности, а постоечката манифестацијата „Гоцеви денови“ ќе прерасне во културна активност од државен ранг, најави кандидатот за градоначалник.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ