Кочоски: Струга мора да го добие епитетот најубава и најгостопримлива општина

Од:

Руралните средини како и градот треба да се развиваат подеднакво. Затоа уште во првите денови од мојот мандат започнуваме со изработка на детална стратегија за рамномерен развој на сите рурални средини, истакна денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Струга од коалицијата „Заедно за Струга“, доктор Владимир Кочоски.

Тој рече дека проектите во неговата програма се барања на граѓаните и произлегуваат од, како што рече, револтот кон осумгодишното разнебитување на средствата од локалниот буџет. Нагласи дека градоначалникот е избран од народот и мора да му служи на народот, а оштина Струга мора да го добие епитетот најубава и најгостопримлива општина.

– Недозволиво е во 21 век жителите на Октиси да немаат едно обично игралиште каде младите ќе можат да играат и да се забавуваат, се уште да не е асфалтиран патот кој ги поврзува селата Октиси и Велешта во должина од два километри, жителите на Лабуништа се уште да немаат спортска сала и да живеат во нечиста, загадена животна средина, подвлече Кочоски.

Програмата со која ја бара довербата, според него, одговара на потребите на граѓаните од сите етнички заедници и не ги дели луѓето по етничка или каква било друга основа.

– Ние како локална самоуправа нема да ги кочиме проектите. Нема да ги селктираме врз основа на етничка или каква било основа. Нема да дозволуваме дивоградби кои го узурпираат просторот и видикот и нема да дозволиме асфалтираните улици да се претвораат во калдрма. Граѓаните нема да живеат во мрак бидејќи ќе го осветлиме градот и селата, а планирани се средства и проекти за развој на спортот, како и за и чествување на сите верски празници, истакна Кочоски.

Би можело да ве интересира

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Отворени се над 6.500 избирачки места на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ