Кочоски побара поддршка од стружани и во вториот круг

Од:

Кандидатот за градоначалник на Струга од коалицијата „За подобра Македонија“ поддржан од СДСМ, Владимир Кочоски денеска им се заблагодари на граѓаните за дадената поддршка во првиот круг од изборите и ги повика да ги поддржат понудените проекти од програмата и во вториот круг.

– На 24 март победи Струга. Победија граѓаните на Струга, со тоа силно покажувајќи каква Струга сакаат. Победивме во првиот круг. Победивме со 15.000 гласа за иднината на Струга, 15 илјади гласа за подобра Струга. Граѓаните на Струга меѓу безидејната реторика, од една страна, и напредокот кој подразбира проекти, од друга страна, го избраа она што навистина значи поквалитетен живот и подобра иднина, рече Кочоски на денешната прес-конференција.

Најави нови вработувања, капитални инвестиции, изградба на улици и локални патишта, канализациска и водоводна инфраструктура, реконструкција на училишта, објекти за спорт и рекреација, како и отворање на технолошко-индустриско развојна зона која ќе овозможи отворање над 2.000 работни места.

– Останува да ги довршиме изборите во демократска атмосфера, достоинствено и во европски дух. Ја очекуваме поддршката на граѓаните за решително и беспоштедно да започнеме со реализација на сите  проекти кои ќе овозможат просперитет за сите граѓани на општина Струга. Ја очекуваме поддршката од сите кои посакуваат поинаква и поубава Струга, нагласи кандидатот за градоначалник на Струга од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226