Кочоски: На Струга и треба нова сообраќајна студија со современи и сеопфатни решенија

Од:

Ќе продолжиме со нови урбанистички решенија за Струга, особено за крајбрежното подрачје со кои ќе ставиме крај на узурпацијата на брегот на Охридското Езеро, истакна денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник од коалицијата „Заедно за Струга“ Владимир Кочоски.

Според него, ваквите проблеми во градот се заеднички за сите граѓани без разлика на етничката и верската припадност.

– Проблемите со кои се соочува нашиот град од урбанистички карактер немаат национална, политичка или верска боја. Овие проблеми, секојдневно не мачат на сите нас подеднакво, Тие мора да се решат според потребите на граѓаните и според плановите за развој на нашиот град, истакна Кочоски.

Во програмата на Кочоски е предвидено и решавање на сообраќајните проблеми, преку изградба на неколку катни гаражи, како и со проширување и континуирано одржување на голем број улици.

На денешната прес-конференција, тој најави дека нема да дозволи, со паркинг-просторите во градот да стопанисуваат, како што рече, локални шерифи.

– Паркинзи во централното градско подрачје кои ги раководат локалните шерифи повеќе нема да има. На Струга итно и е потребна нова сообраќајна студија која ќе понуди современи, сеопфатни решенија со асфалтирани и широки улици и функционален влез и излез од нашиот град, порача кандидатот за градоначалник од коалицијата „Заедно за Струга“ доктор Владимир Кочоски.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226