Кочоски: Ќе бидам градоначалник на сите луѓе што живеат во општина Струга

Од:

Струшкиот комитет на ВМРО ДПМНЕ излезе со свој став во врска со коалицирањето со општинската организација на СДСМ и нивен заеднички настап на локалните избори.

„Уште кога ја примив кандидатурата за градоначалник кажав дека ќе бидам градоначалник на сите луѓе што живеат во општина Струга. Се уште стојам зад тоа. Очекував дека и без ваква коалиција за мене ќе гласаат граѓани без разлика на етничката и верската припадност. Од мои пријатели кои се од различни религии, од различни политички партии и етникуми знам дека ќе ме поддржат“, рече кандидатот за градоначалник д-р Владимир Кочоски.

Според пратеничката Лилјана Затуроска, коалицирањето помеѓу двете партии произлегло од непринципиелната политика која што во изминатите осум години ја водел градоначалникот Рамиз Мерко исклучиво врз етничка основа.

„Наместо да одиме со силни чекори напред, одевме со силни чекори наназад и сите проекти и вработувања практично беа водени и се реализираа врз етнички концепт. Ова беше барање на граѓаните на Струга да направиме коалиција која што ќе работи за интересите на сите граѓани“, изјави Затуроска.

ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во четвртокот започнаа преговори за заеднички настап на локалните избори во Струга. Според договорот, СДСМ и другите коалициски партии ќе го поддржат кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, а во продолжениот законски рок до ДИК доставија и заедничка листа за кандидати за советници во Советот на Општина Струга на која како носител се јавува претседателот на оо на СДСМ од Струга, Ристе Чушкоски.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме