Кочанските полицајци даруваа крв

Од:

Полициската станица Кочани во соработка со Општинската организација на Црвен крст Кочани денеска ја реализираше втората акција за доброволно дарување крв за годинава. Во акцијата која траеше од изутринава до напладне крв даруваа 30-тина вработени во Полициската станица Кочани.

– Ова е втора акција за дарување крв во која се вклучени вработени во МВР и полициската станица Кочани. Во првата акција беа собрани 25 крвни единици, изјави Анета Коцева, секретар на општинската организација на Црвен крст Кочани.

Полициската станица од овој град до крајот на годината ќе реализира уште една акција за дарување крв, а ќе учествува и во вонредните акции за крводарување на Црвениот крст од Кочани.

Според Коцева, годишниот план на ОО на Црвен крст за собирање крвни единици изнесува 1.350 крвни единици. Досега во седум акции се собрани 410 шишиња на крв. До крајот на месецот ќе биде организирана уште една крводарителска акција во просториите на Црвен крст Кочани наменета за граѓаните на општината.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот