Кочанската болница годинава со три милиони денари поголем буџет од лани

Од:

Општата болница Кочани годинава ќе има за 3 милиони денари поголем буџет од претходната. Ланската година изнесуваше 113 милиони, а годинава Министерството за здравство на кочанската болница и одобри вкупен буџет од 116 милиони денари. Средствата главно ќе бидат искористени за реконструкција на болничките одделенија, како и за набавка на нови апарати. Од овој месец се воведе и нова дијагностичка метода во лабораторија.

– Во декември 2016 година завршивме со комплетна реконструкција на болничките соби на интерно одделение, ги обновивме подовите во хируршката амбуланта и хируршката операциска сала, а годинава приоритет ќе дадеме на другите одделенија. Од овој месец воведовме и нова дијагностичка метода. Станува збор за алерго тестови кои што ќе се работат во нашата лабораторија, а ќе го адаптираме и прошириме просторот на лабораторија за да се овозможи подобар комфор на вработените и пациентите, рече Оливера Цимбаљевиќ, директор на Општа болница Кочани.

Дел од средствата, додаде Цимбаљевиќ, меѓу другото се планирани и за замена на прозорците од северната страна на болницата на кои што промена не им е извршена од изградбата на самата болница. Дел од средствата ќе бидат искористени и за набавка на нова медицинска и информатичка опрема.

Би можело да ве интересира

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

Малолетници соблекоа и снимаа 6-годишно дете во училиште во Кочани

А1он

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски