Кочани со бројни активности по повод Петровден – празникот на градот

Од:

Општина Кочани ги утврди активностите со кои ќе биде одбележан Петровден, празникот на градот. Советот на општина Кочани на ден Петровден – 12 јули, ќе одржи свечена седница на која за постигањата меѓу двете празнувања свое обраќање ќе има градоначалникот Ратко Димитровски.

На свечената седница ќе бидат доделени и највискоите општински признанија, наградата за животно дело и наградата за особен придонес во развојот на градот.

Во рамките на Петровденските празнувања, Центарот за култура „Бели мугри“ и годинава по единаесетти пат ќе ја организира меѓународната културна манифестација „Петровденски конаци“ со учество на поети, ликовни уметници и изведба на театарска претстава.

Здружението на Власи „Грамостеањ“ од Скопје на терените на Пониква на Осоговските планини ќе ја реализира традиционалната средба на Власите од Македонија под наслов „На Петровден сите на планина“ со учество на влашки фолклорни и музички групи од Македонија и од соседните балкански држави каде што живеат Власи.

Општина Кочани во пресрет на празникот на градот ќе го реализира традиционалниот Петровденски турнир во мал фудбал, а Здружението на пензионери на Кочани преку двомеч во шах и стрелаштво, ќе се сретнат со пензионерите од Здружението од општина Центар-Скопје.

Би можело да ве интересира

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски