Кочани и Крањ ја продлабочуваат соработката

Од:

Делегација од Општина Кочани беше на одбележување на градскиот празник на збратимениот град Крањ, Република Словенија. Овие две збратиме општини ја продлабочуваат соработката на институционално ниво и изнаоѓаат нови форми за заедничко дејствување.

Како што информира локалната самоуправа, активностите за одбележување на празникот на Крањ помогнаа да се воспостават контакти со Градската библиотеката во овој град која е една од најуспешните во Европа, како и да се разговара за реализација на проекти од заеднички и меѓународен карактер.

За догодина, во рамки на одбележувањето на градскиот празник, Кочани доби покана за свое културно претставување во Крањ.

Би можело да ве интересира

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип