Кочани домаќин на проектот „Вело Родео“

Од:

Здружението на граѓани „Еко Логик“ од Скопје во Основното училиште „Раде Кратовче“ во Кочани денеска го реализираше проектот насловен „Вело Родео“, како едно од 10-те училишта во Македонија кое што учествува во проектот.

Со проектот се изработени повеќе игри од страна на „Еко Логик“ преку кои децата би требало да научат повеќе за велосипедот како превозно средство, а исто така ќе се промовира велосипедот како средство за транспорт и бенефитите од негово користење.

– Настанот „Вело Родео 2017“ во Кочани го организираме во основното училиште „Раде Кратовче“ каде што се собрани 10 основни училишта. Тие ќе се натпреваруваат меѓу себе. Имаме повеќе од 15 различни вежби изработени од тимот на „Еко логик“ и од партнерите, а тоа се ОУ „Раде Кратовче“, Источниот плански регион и неколку компании од Кочани, изјави Никола Нешкоски, директор на „Еко Логик“.

Во проектот учествуваат ученици од 5 до 7 одделение од секое училиште на кои што им се презентирани игрите. Настанот се реализира на ниво на Брегалничкиот регион каде што право на учество имаат 100 тина училишта од Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот