Кочанци лани најмногу се жалеле за неквалитени мобилни телефони и високи сметки

Од:

Лани околу 300 поплаки пристигнале до Организацијата на потрошувачи од Кочани, од кои најголем дел се однесуваат на неквалитетни производи, особено мобилни телефони кои што брзо се расипуваат и високи сметки за телефон посебно од операторот ВИП.

– Потрошувачите кога ќе купат паметен телефон по извесно време ќе дојдат и ќе се пожалат дека не е во ред телефонот, дека му е дојдена висока сметка за телефон, а тој не бил тука, односно бил во странство и не го ни пипнал телефонот. Всушност операторите ја надоградиле неговата сметка и секако дека потрошувачот е во право, бидејќи не бил во него телефонот цел месец, а му доаѓа сметка за телефон, изјави Виолета Зашева, претседател на Организација на потрошувачи Кочани.

Таа додаде дека во 2016 година бил намален бројот на поплаки кон ЕВН и КЈП Водовод, институции кон кои досега имаше најмногу поплаки во делот на фактурирана вода повеќе од потрошеното и да се плати долг кој што не постои.

Останатите жалби и поплаки од граѓаните, нагласи, се однесуваат на оштетени нови производи, производи со недостаток, во однос на исхраната производи со изминат рок на траење во продавниците и маркетите, непочитување на гаранциите на производите, неисправни производи од бела техника, апарати за домаќинството и неквалитетен мебел.

Организацијата на потрошувачи Кочани во текот на изминатата година спровела повеќе општо правни советувања, лични, телефонски и писмени, а одржани се и повеќе советувања за здравјето и за задолжително означување на храната на секој артикал за потеклото, состојките и адитивите во него.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот