Коцевски задоволен од освоените гласови во првиот круг

Од:

Аце Коцевски кандидатот за градоначалник на Општина Велес од Коалицијата „Сојуз за иднината“ на СДСМ на денешната прес-конференција изрази задоволство од освоените 16.163 гласови, но укажа и на бројни неправилности во гласањето од првиот круг на локалните избори.

– Тоа што изборите поминаа мирно не значи дека поминаа во фер и демократска атмосфера, туку напротив, во Велес се случија: бугарски воз, ускратено право на гласање, групно гласање, огромен број болни и немоќни лица кои гласаат од дома, поткупи со кои се понижуваат ранливите категории на велешани, користење на општински и државни средства, имот, уцени, заплашувања и масовно носење на граѓани на избирачките места, изјави Коцевски.

За вториот изборен круг, рече дека не очекува фер и демократски борба, и ги повика велешани и во вториот круг да му ја дадат нивната поддршка. Тој уште еднаш упати апел за соочување со Чадиев на ТВ дуел или на заедничка средба со велешани преку која ќе потсетат на делата што ги имаат направено за време на нивните мандати.

Носителот на советничката листа на Коалицијата на СДСМ, Благој Коларов на прес-конференцијата потенцира дека советничката листа на „Сојузот за иднината“ освоила 11 советнички места иако официјалниот записник од ОИК сеуште се очекува, што е, вели, за 6.000 гласови повеќе од изборите во 2009 година.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?