Коцевски: Спасовски го назначил Бесфор Аме, осуден за криумчарење, на командирска позиција на ГБ Блато

Од:

Оливер Спасовски на командирска позиција во РЦ Запад, на ГП Блато назначил осудено лице кое веќе лежело затвор за криумчање и злоупотреба на службената положба. Оливер Спасовски наместо да се извини и да го разреши Бесфор Аме осуден криминалец со одлежан затвор, тој го штити рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Коцевски.

– Бесфор Аме, дел од аферата “Милка” кој како полициски службеник овозможил криумчарење на стока од Македонија во Албанија е назначен на командирска позиција во РЦ Запад, ГП Блато. A Оливер Спасовски наместо да го разреши и понесе и самиот одговорност, се крие зад соопштенија. Имено сегашниот командир на ГП Блато, Бесфор Аме во 2013 година на граничен премин во оперативна акција е документиран, а потоа и обвинет и притворен, за на крај и осуден со казна затвор за криумчарење и злоупотреба на службената положба и овластување вели Коцечвски.

Коцевски рече дека министерот спасовски треба да го разреши Аме наместо да испраќа празни деманти.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина