Коцевски најави довршување на индустриската зона „Речани“

Од:

Кандидатот за градоначалник на Општина Велес од „Сојузот за иднината“, Аце Коцевски на денешната прес – конференција во индустриската зона „Речани‘‘ најави нејзино довршување  и изградба на нова во Караслари.

Коцевски истакна дека зоната е изградена благодарение на наградата добиена од ЕУ во вредност од 250.000 евра и посочи дека тој во својата програма нуди конкретно решение за решавање на невработеноста и сиромаштијата во Велес.

– Со 1.500.000 денари е несериозно да се ветува дека ќе се градат улици во индустриска зона, а притоа реално да се потребни околу 15 милиони денари за истото, истакна Коцевски.

Доколку биде избран за градоначалник, потенцира Коцевски, ќе работи на подобрување на локалната бизнис клима, привлекување странски инвеститори во производството со што ќе се отворат нови работни места во реалниот сектор, а не во администрацијата.

Најави поддршка на невработените преку обуки за преквалификација и доквалификација, целосно довршување на индустриската зона „Речани 2“ но и проширување на зоните во „Превалец“ и во „Узус“, како и изградба на нова зона во селото Караслараи.Меѓу другото, вети и гасификација на Велес и развој на инфраструктурата на езерото „Младост“, обезбедување локации за повеќе винарски визби, како и продажба на индустриските зони за цена од 1 евро по метар квадратен.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември