Коцевски до Ковачевски: Образот е многу важен, чистиот образ, а Вашиот е многу валкан и многу криминален

Од:

„Еден многу небитен, трајно неспособен и ВД премиер минатата недела искажа нешто што јас овде не можам да го повторам, не ми доликува. Името на тој ВД премиер е Димитар, а презимето е Ковачевски. Господине Ковачевски образот е многу важен, чистиот образ. А, Вашиот е многу валкан и многу криминален“, истакна Зоран Коцевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Коцевски додаде дека денес во Македонија има „Пазар 3“ коалиција на чело со Артан Груби.

„Да се вратиме сега на маркетот, драгсторот, пазарот и пазарџиите, и на „Пазар 3“ коалицијата на оваа Влада на чело со Груби и Ковачевски. Верглаат веќе цела недела дека коалицијата им се зголемува, а таа остана барем кога беа разрешени министрите на 64. Меѓутоа тие имаат еден премиер, бивш премиер кој по три часа имал само математика, а овој сегашниот премиер изгледа и бегал од часови“, рече пратеникот.

Тој ја потсети јавноста дека и Ковачевски има дезартирано од Армијата во 2001 година.

„Како и досега ова е една од многуте чудни ситуации приредени од Груби и Ковачевски, каде се поднесува предлог за нови четири министри. А, ниту збор за некој од нив. Како што немаше збор ниту за разрешените министри од страна на предлагачот господинот Ковачевски. Напротив, со еден пишан текст составен од Артан Груби, извршителот Ковачевски се обиде неуспешно да ја објасни целата ситуација околу овој предлог за министри во Владата“, нагласи Коцевски.

Пратеникот укажа дека Ковачевски ист пишан текст неколку пати излегува на говорница и го чита.

„Слободно можам да констатирам дека целата оваа ситуација е пазар за спас на Артан Груби, за спас на Ковачевски и најблиските луѓе околу Груби и Ковачевски. Ете тоа е вашиот европски пат и ништо друго“, рече пратеникот.

Би можело да ве интересира

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“