Коцевски: Да не се заборави и да не се повтори

Од:

„Во нашата православна традиција, длабоко е вкоренет адетот, да се благословува изградбата на нови објекти. Во овој месец, кога чевствуваме многу празници, сакам да ве потсетам на еден настан, за да не се заборави и за да не се повтори“, изјави кандидатот за градоначалник на Велес од редовите на СДСМ, Аце Коцевски кој во продолжение додава:

Во мај 2008 година, во кампањата за парламентарните избори, премиерот Груевски постави лажен камен темелник на новата театарска зграда во Велес, со благослов на свештеници од Повардарската Епархија на МПЦ, на кота повисока за 6 метри од вистинската. Откако завршија изборите тој темел беше искршен, повелбата извадена, земјата ископана и беа поставени вистинските темели на 6 метри подлабоко од лажниот, а повелбата ставена во шише во новиот темел.

Не ги одобрувам, но можам да ги разберам политичарите кога прават вакви глупости, особено пред избори, за да се додворат на гласачите. Но, сеуште не можам да се помирам, зошто во тој циркус учествуваа попови. Како можеа да одобрат ваква постапка!? Зошто прифатија таква срамна улога? Знаат ли колку Божји Заповеди и колку црковни какони прекршија со учеството во тој срамен чин? Господ Бог можеби ќе им прости, бидејќи простувањето е темелне вредност на христијанството. Но, дали тие или тој што им наредил, некогаш ќе можат сами да си простат?

Тогаш јавно се спротивставив и во знак на револт не присуствував на церемонијата, која требаше да биде надпартиска и неполитичка, свечен чин што сите долго го очекувавме.

Еден од техничарите на градежната фирма на моето прашање за срамната постапка прокоментира: Кога премиер беше Љубчо Георгиевски пред ставање на камен темелници барем прашаше дали се лажни или вистински. А, овие вели не ни прашаа, туку без срам ја завршија работата.

Инаку зградата иако требаше да биде пуштена во употреба во 2010 – та година сеуште е во изградба.

Би можело да ве интересира

Филипче: Државата пола ни се исели, а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

А1он

Шукова: Градот го претворија во џунгла

А1он

Филипче: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

А1он

(ВИДЕО) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши груба злоупотреба на институциите за избори, началници на МВР на партиски на состаноци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шукова: Скопје мора да се развива паметно, не може веќе да се бориме со хаосот, скопјани заслужуваат многу подобро

Герасимовски: Итно копче 24/7, бесплатни стоматолошки прегледи и домашна нега за пензионерите

Горан Наумовски