Коце Трајановски сепак го узурпираше дворот на основното училиште „Кочо Рацин“

Од:

Град Скопје започна со рушење на оградата на основното училиште „Кочо Рацин“, иако градоначалникот Коце Трајановски рекол дека ќе ја ревидира одлуката за тоа. Со тоа, Трајановски по кој знае кој пат, повторно застана на страна на бизнис интересите на Груевски и ВМРО ДПМНЕ, наспроти интересите на децата кои учат во учулиштето. Само пред неколку дена, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, потврди дека Трајановски рекол дека ќе размисли да не се руши оградата и да не им се скрати местото за играње на децата. Но и покрај ветувањето, Трајановски реши да го скрати дворот каде сега ќе поминува проширена улица до фамозниот Сончев град на Водно, бизнис проект на власта на Груевски.

„Ова е срамна одлука. Заради бизнис интереси и продажба на луксузниот комплекс Сончев Град, тој реши да го скрати местото за играње на децата кои учат во ова училиште. Срамно е што веќе ништо не може да ја предомисли власта кога се во прашање бизнис зделките.

Дополнително, одлуката на советот на општината за промена на ДУП-от е донесена незаконски, со само 11 гласа. Граѓаните добро се сеќаваат на таа криминална одлука која јас одамна ја обжалив пред Уставниот Суд. Трајановски сега да дојде и да им објасни на родителите зошто ќе им се скрати дворот и зеленилото каде секојдневно растат нивните деца“ – вели Жерновски.

Планираното кратење е 1,7 метри по целата должина на дворот на училиштето кое се граничи со ул. „Водњанска“. Родителите на децата кои учат во „Кочо Рацин“ се револтирани и заради фактот што се продолжува со урбанистичко дивеење на Водно за што последици трпат граѓаните кои живеат таму.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар