Коце Трајановски: Да нема втор круг во Скопје

Од:

Пред четири години од ова место ја побарав и ја добив вашата доверба. Беше голема чест и голема одговорност, да се исполни изборната програма, да се реши сообраќајниот хаос, комуналната хигиена, да има повеќе зелени површини, рече Коце Трајановски на митингот на плоштадот „Макдеонија“ во Скопје.

Ние, рече, реализиравме повеќе од 500 проекти за подобро Скопје. Стојам пред вас со гордо крената глава, зашто останаа реализирани проекти меѓу кои реконструкција на булевари и улици, реконструиравме коловози, изградивме мост на реката Вардар. во 2009 година јавните претпирјатија ги затекнавме со блокирани сметки, ги деблокиравме, ги направивме финансиски стабилни, набавивме нови возила, сметот се собираше со 6 стари возила, набавивме нови, добивме финанскиска поддршка од владата за нови автобуси и жичарницата до Водно.

Сакам да се заблогадарам на премиерот Груевски за создавање услову за инвестиции, за прв пат инвестиравме во сите десет општини во градот Скопје, сите се реализирани проекти со владата на Република Македонија. Ние направивме отчет пред граѓаните на Скопје, на 130 страни. Вечерва стоиме пред вас, да ја побараме довербата за нови дела за мене и за тимот. Втор пат ќе го прифатам предизвикот да станам градоначалник на гчлавниот град, рече Трајановски.

За нов луна парк, за ски центар на Водно, за булевар во Чаир, за нови фекални канализации, рече Трајановски и повика битката да се реши во првиот круг и да нема втор круг.

Би можело да ве интересира

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618